Повредени полицајците што предизвикале сообраќајна несреќа со комбе на МВР

Во текот на вчерашниот ден на улицата Ѓорче Петров се случила сообраќајна незгода меѓу комби „фолксваген транспортер“ во сопственост на МВР и автомобил „голф“ со скопски регистерски таблички, управуван од 18-годишен возач од село Сарај.

Во сообраќајната несреќа повредени се 31-годишниот Б.С., кој го управувал полициското комби, и уште двајца полицајци.

На месото на настанот бил извршен увид, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e