Црн чад се крева од оџакот на студенскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје. Пред само неколку минути на социјалните мрежи повторно се проширија пораки до надлежните за загадениот воздух, иако утрово ситуацијата не беше толку аларманта бидејќи дождот и ветрот го „разбистија“ воздухот.
Деновиве заменик министерот за животна средина Јани Макрадули рече дека, не бара алиби, и дека работат на решавање на проблемот.
-Нема да се согласам дека нема стратегија. Ќе ја цитирам Европската комисија која потврди дека за прв пат годинава, во 2019-та година во Буџетот е воведен фонд за справување со аерозагадувањето. Овој фонд е воведен по примерот на низа европски земји. – рече Макрадули.
-Продолжуваме со целиот сет на мерки што е јавно објавен и веруваме дека резултатите секоја година ќе бидат се повеќе и повеќе видливи. Отпочнавме многу сериозни проекти за инвестирање во замена на системите за греење и ќе продолжиме во тој правец. Следуваат директни вложувања во јавниот превоз и директни контроли на индустријата, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања до каде е реализацијата на планот за заштита од аерозагадување.-