Мониторинг тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе го набљудува спроведувањето на референдумот во Гевгелија на 23 април (недела).
Референдумското прашање на кое гевгеличани ќе одговараат во недела гласи: „Дали во Општина Гевгелија треба да се дозволи отворање рудници?“.
ЦИВИЛ ќе ги достави пријавите до Општинската изборна комисија во Гевгелија, а за текот на референдумот ќе ја информира јавноста преку соопштенија, прилози на веб страницата ЦИВИЛ Медиа и информации на социјалните мрежи на ЦИВИЛ.
Право на изјаснување на референдумот имаат нешто повеќе од 19.000 жители на Општина Гевгелија, на 37 избирачки места.
ЦИВИЛ ги следи подготовките за референдумот од првиот момент кога советниците во Општина Гевгелија едногласно одлучија за негово спроведување. Набљудувањето на референдумот се спроведува на волонтерска основа.
Извор: Цивил