Четири лица тешко повредени – Возило излета од пат во Тетово

Четири лица се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во Тетово кога на патот Раковец – Боговиње, во тетовското село Боговиње, каде возило излетало од патот.

Околу 9 часот и 50 минути, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Раковец – Боговиње, во тетовското село Боговиње, патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 39-годишниот М.Р. од тетовски Пирок, изгубило контрола над возилото и излетало од коловозот, а сопатниците А.Џ.(68) и Х.Р.(47) од Боговиње, како и малолетничка од Пирок се здобиле со тешки телесни повреди, а М.Р. со телесни повреди.

Четирите повредени лица пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од страна на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e