Целосно опожарено возило во близина на граничниот премин „Долно Блаце“

Вчера околу 16,35 часот на Јадранска Магистрала на 2 км пред граничниот премин „Долно Блаце“ од засега непознати причини целосно е опожарено возило „Сеат Алхамбра“ со скопски регистарски ознаки.

Возилото било управувано од засега непознат возач, кој по пристигнување на пожарникарите, го напуштил лице местото. Од екипа на БППЗ-Скопје пожарот е изгаснат.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e