Колоните возила за разлика од вчера, денека беа подолги, меѓутоа на нашата страна од границата во функција се ставени пет ленти и преминувањето на границата се одвива брзо.
Евидентен е застојот на спротивната страна од границата каде се чека најмалку еден час за влез во Грција. Возилата со туристи кои чекаат да влезат во Грција се наредени во осум колони и се наоѓаат на педесетина метри од нашата граница, но се уште не е споена со возила.