Богоев со отчет: Наместо оправдувања понудивме работа, докажавме дека може поинаку (ВИДЕО)

„Општината ја преземав со долг од 18 милиони евра. Локална самоуправа која беше во финансиски колапс, симбол на криминалното работење, со изгубена доверба од сите страни. Но, наместо оправдувања понудивме работа. Докажавме дека може поинаку! Додека ВМРО-ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски се смеат на користењето на грантови и донации, слободно можам да кажам дека тоа е одраз на домаќинско работење“, вели денеска Стефан Богоев во својот отчет за две години работа како градоначланик на Општина Карпош.

„Деновиве не обвинуваа дека Карпош бил како невладина организација. Да, чудно им е да се работи чесно, без профити и полнење на џебови. Тие не беа научени на подготовка на проектни апликации за добивање на неповратни средства, туку единствено фокусирани на расипничко трошење на парите на граѓаните.

Ова не се само празни флоскули, напротив, сето ова е констатирано и во Извештајот на Државниот завод за ревизија, кој јавно го презентирав и го доставив до Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција. Во оваа прилика, повторно повикувам на одговорност за секој кој сторил криминал!

Денеска Карпош се бори за секој денар, се негува соработка со приватниот и граѓанскиот сектор, а ја враќаме и довербата кај целокупната јавност. Градиме заедница која одговара на потребите на граѓаните, а не на урбаната мафија“, вели Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e