Градоначалникот на скопската општина Карпош Стефан Богоев оствари маалска средба со граѓаните од Бардовци, заедно со претставници од СДСМ Карпош и членови на Советот.
На средбата било зборувано за проектите на Општината за ова место, како и секојдневните проблеми на граѓаните.
Богоев информираше и за реализираните активности досега, на задоволство на надлежните и граѓаните:
-Направена е нова градинка во Бардовци, со капацитет за 78 деца;
– Добивме средства за промена на системот за греење во училиштето „Аврам Писевски”, кое ќе се грее на геотермални пумпи;
-Целосно се реконструираат споредните улички во Бардовци;
-Обновено е фудбалското игралиште и ја поддржавме младинската школа на ФК „Лепенец” ;
-Исчистени се канали за наводнување во должина од 4 километри.