Богдановиќ: За две години го вративме долгот од 4,5 милиони евра (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска даде отчет за сработеното во Општина Центар во изминативе две години.

– И со активен мораториум на градби, успеавме да ги расчистиме сите долгови на општината и да ја стабилизиравме сметката. Реконструираме детски игралишта, асфалтираме улици, градинките ни се полни со деца, а го отворивме и едно од најмодерните основни училишта во регионот, именувано во чест на првиот македонски претседател – „Киро Глигоров“, вели Богдановиќ.

Продолжуваме понатаму, вели тој, со засилено темпо, со нови активности, проекти и предизвици, за жителите во Центар да живеат во една модерна, современа и европска општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e