Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ оствари средба со тимот кој го реализираше документарниот филм „Заробено време“, предводен од Пеца Поповиќ и Милан Никодијевиќ.
На средбата е договорена соработка, бидејќи сите се согласија музиката и уметноста не познаваат граници и политики.
„Заробено време“ е филм за југословенскиот рокенрол, а беше прикажан во кино „Фросина“ во организација на културно-информативниот центар Спона во МКЦ во рамките на Деновите на српската култура во Македонија.
Филмот е во режија на Милан Никодијевиќ, а познатиот музички новинар Петар Пеца Поповиќ својата биографија ја пишува преку легендите Горан Бреговиќ, ЈУ група, Смак, Индекси, Корнелија Ковач, Влатко Стефановски, Бајага, Калиопи, Велибор Џаровски – Џаро.