Богато културно лето во Крива Паланка:Во петок изложба на мозаици во 3Д

Кривопаланчани претстојниот викенд ќе може да го започнат со културен настан кој е дел од богатото културно лето кое се најавува за во градот.

Имено, во петок, 5-ти јули во просториите на НУ Центар за култура ќе биде отворена изложбата на мозаици во 3Д на тема „Македонски градски куќи“ од Гоце Стојановски.

Изложбата ќе биде отворена во 12 часот на пладне, а одговорните ги покануваат сите љубители на уметноста но и воопшто граѓаните и гостите во градот да ја посетата оваа богата и интересна изложба, со најава дека ќе следуваат уште низа други културни настани за ова лето како дел од манифестацијата „Кривопаланчко културно лето“.

66066144_2858235867579662_4946809736575057920_n

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e