Мило ми е што денеска сме сите денес сите заедно, а вашето присуство го збогатува ова фестивалско издание. Велат, вредите толку колку што пријатели имате, вашето присуство го збогатува ова фестивалско издание, а овој колорит од знамиња говори дека имаме толку многу пријатели кои не почитуваат и заслужуваат почит. Сите ние заедно го зголемуваме пријателството,ги зближуваме уште повеќе нашите народи и традиции преку оро , игра и песна, затоа што тоа е инспирација за животот на идните генерации, вака порача градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски на свеченото отворање на 15- от Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски”.
Три фестивалски вечери, секоја приказна за себе со претставување на обичаите и културите на бројни народи кои дојдоа овие три дена во Крива Паланка, има играорци и КУД од Белгија, Србија, Хрватска, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија.
Околу 500 фолклористи изминативе две вечери дефилираа низ неколку локации низ градот а фестивалските ноти се одржуваат на градскиот плоштад, под отворено небо во здрава и чиста животна средина.
Фестивалот е во организација на општина Крива Паланка и националната установа Центар за култура , со поддршка од министерството за култура.
– Фолклорот не зближува и обединува, низ мир и задоволство нека ечи песна, да заигра душа, порача директорката на НУ Центар за култура Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска.
Македонскиот фолклор создаван како колективна придобивка на нашиотнарод, низ годините наназад се пренесува од поколение на поколение и во текот на својот развој во себе сместува бројни елементи од разнит културни влијанија кои се вкрстувале на овој дел од Балканот.
На последната вечер од оваа манифестација ќе има настап на 10 КУД и фолклорни групи а на свечената церемонија на затворањето на фестивалот , се доделуваат благодарници и плакети за учесниците.