Bо Крива Паланка отворено десеттото, јубилејно, издание на Интернационалниот театарски фестивал „св.Јоаким Осоговски“.

Bо Крива Паланка отворено  десеттото, јубилејно издание на Интернационалниот театарски фестивал “СВ.Јоаким Осоговски“.

Јубилејни награди по повод десетгодишнината на фестивалот им беа врачени на доајенот на македонското актерство, Милица Стојанова, Страшо Милошевски, актер и девет години уметнички директор на фестивалот, Гоце Ристовски, драмски критичар, новинар, публицист, драматург, Антонито Давитковски, координатор на проектот, Стојанче Величковски, автор на фестивалските плакати, фотограф и уметник и водителот и афирматор на фестивалот, Жаклина Цветковска.

Актерската дива по потекло до Крива Паланка, Милица Стојанова, присутните ги почести со краток монолог во знак на благодарност за прзнанијата на сите добитници.

 -Убавината на театарот не е само тоа што, како велат, живот значи, туку и во неповторливоста на мигот на изведбата, миг на уметноста кој ја надживува вечноста.  А актерот е тоа величество на театарот кој со неговата скромност, почитуван колку што е во ова наше општество, зашто според мене, театарот не е на тоа рамниште кое го заслужува, не му значат ниту финансиите, ниту наградите и останати признанија, туку живее само за аплаузот и тоа е таа убавина и таа човечност која живее во сите вас, овде присутни и во сите актери, рече Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка.

Тој се заблагодари на сите заслужни за досегашниот добар тек и раст на фестивалот во деценијата зад нас и посака фестивалот да слави стотици јубилеи.

На првата фестивалска вечер беше доделено и признанието –лауреат на годинашниот 10-ти Интернационален театарски фестивал св.Јоаким Осоговски, кое го доби актерот Благоја Чоревски.

програмската понуда започнува со ретроспективната изложба на театарска фотографија и плакат на уметникот , автор и дизајнер, Стојанче Величковски, од 19 часот во фоајето на НУ Центар за култура, а од 20 часот започнува претставата „Жена ми се вика Борис“ на Театар комедија, Скопје.

Во недела на програмата е „Хотел меѓу овој и оној свет“ на Општински народен театар , Дупница, Република Бугарија.

Фестивалот ќе трае седум дена, а ќе настапат девет театраски куќи и актерски ансамбли од Бугарија, Хрватска, Србија и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e