Битолчанец тешко повреден, со автомобил се забил во канделабра

На 26.06.2019 година во 06:52 часот на крстосница од ул.„Македонска Фаланга“ и пат за стадион „Тумбе-кафе“ во Битола, Љ.С.(62) од с.Буково, битолско, управувајќи патничко возило „Форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки,  изгубил контрола и удрил во канделабра за улично осветлување и во дрво.

Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e