Автомобил паднал во ископ длабок три метри на магистралниот пат на влезот во Кочани

Автомобил паднал во ископ длабок три метри на магистралниот пат на влезот во Кочани кај Подлошка крстосница. Возилото е оштетено, а возачот се здобил со повреди на главата.

На местото биле забележани траги од кочење, а според очевидци, при падот автомобилот удрил во еден од сообраќајните знаци.

Полицајци од Кочани направиле увид на местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e