Aсфалтирање на крак од улицата Пере Тошев во Крива Паланка

Во рамките на програмата за тековно одржување на локалната улична мрежа, извршено е асфалтирање на крак од улица Пере Тошев во населба Бегови Бавчи, со што е решен долгогодишниот проблем на месното население со современ пристап до нивните домови.

Претходно на истиот крак во соработка со месното население и ЈП Комуналец извршено е санирање на дотраената канализациона мрежа. Исто така се врши и асфалтирање и санирање на улични површини на крак од улица Партизанска-кон Домaчки Дол, а планирано е и крпење на ударни дупки на повеќе улици во градот како активност која ќе продолжи и во наредниот период. Исто така во м.в. Грамаѓе до магистралниот пат, извршено е бетонирање на спортското игралиште со потребната подлога за игралиштето и е направена нова табла со кош на задоволство на најмладите жителите од населбата, стои во соопштението на Општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e