Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска оствари средба со државната првенка во пинг-понг, младата кривопаланчанка Ана Стојановска која беше придружувана од претседателот на Пингпонгарскиот клуб Крива Паланка, Јорданчо Миневски
-Чест и задоволство ми е што денеска остварив средба со телентираната пингпонгарка Ана Стојановска, која трети пат по ред е државен првак на сите средни училишта. Нејзиниот успех е успех и на Крива Паланка. Посочив дека развојот на спортот и талентираните спортисти ќе ја имаат мојата несебична поддршка и заложба Крива Паланка да прерасне во вистински расадник на спортски таленти со кои како град ќе се гордееме, истакна на средбата првиот човек на оптштината.
-Среќен сум што нашиот играч, Ана Стојановска, продолжува и понатаму со успесите, овој пат бранејќи ги и боите на СОУ Ѓорче Петров. Работата во клубот ги дава посакуваните резултати, и се надевам дека ја чека блескава спортска иднина, вели претседателот на ППК Крива Паланка, Јорданчо Миневски.
Инаку, со најновата одлука на Совет на Крива Паланка општината им овозможува на спортските клубови и здруженија бесплатно користење на отворените спортски терени и фискултурни сали во основните и средното училиште на општина Крива Паланка.