Албанец уапсен на Деве Баир

На 26.08.2021 во 21.30 часот на граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода A.A.(41) од Република Албанија, кој управувал патничко моторно возило „нисан кашкаи“ со бугарска национална ознака, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ односно употреба на фалсификувана албанска возачка дозвола.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кратово за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e