Актерот и директор на театар “Комедија”, Сашо Ристовски, денеска заедно со тимот на промотивниот караван “Мој ДДВ” разговараше со купувачите во Тинекс (Зебра) за придобивките од мерката “Мој ДДВ”. Ристовски порача дека секој еден граѓанин сега има можност директно да помогне во намалување на сивата економија со тоа што ќе инсисира да му биде издадена фискална сметка и истата ќе ја скенира, а ќе добие и поврат на 15% od пресметаниот ДДВ на трансакциска сметка.
“Мој ДДВ е атрактивна мерка и по начинот на кој се реализира. Апликацијата “Мој ДДВ” ја користам од сам почеток и ги скенирам фискалните сметки. Посебно ми е драго што од скоро е во функција и ве апликацијата “Мој ДДВ” преку која може да провериме колкав е износот на поврат, колку сметки сме скенирале, а исто така може и да повлечеме сметка којашто сме ја скенирале по грешка”, рече Ристовски.
Ристовски кој моментално е посветен на организацијата на Интернационалниот фестивал на комедијата “Гола Месечина” на којшто до 09.09.2019 ќе бидат одиграни повеќе претстави, им порача на граѓаните да ја користат “Мој ДДВ” и да го остварат правото на поврат.