„Агропаланчанка“ со средства од општина Крива Паланка ги едуцира жените за репродуктивно здравје

Во просториите на Локална установа Градски музеј, Крива Паланка  се одржа едукативна работилница за репродуктивното здравје на жените во организација на здружението „Агропаланчанка“, активноста финансирана од општина Крива Паланка со средства од Јавен повик за поддршка на здруженија и фондации на територијата на Крива Паланка за 2018 година.
Предавањата и едукативните и обучувачки трибини и работилници се дел од проектот ,,Грижи се за сите-но и за себе“ кој со финасии од општината се имплеменитира во соработка со приватната  болница ,,Медика Истамбул-Тетово“.

На обучувачката и дискусиона средба присуствуваа жени од целните групи од руралните подрачја, од село Жидилово, како и од реонот на градското подрачје, на различна возраст.

Тема на презентацијата беше грижата за здравјето на жената преку поголемо информирање и едукација, навремена дијагностика и идентификација на медицинските проблеми во врска со гинеколошкото здравје.
-Презентер и водач во дискусијата беше д-р Македонка Наумовска, специјалист гинеколог од приватната болница ,,Медика Истамбул-Тетово“, а низ дискусијата и обуките се укажува на важноста на редовните гинеколошки прегледи и заштита на репродуктивниот систем со цел превенција од болести поврзани со овие органи, заштитата од појавата на малигни заболувања. информираат од „Агропаланчанка“.

Досега со проектот се опфатени над стотина жени од селата:  Жидилово, Узем, Огут и Нерав а активностите продолжуваат и во претстојниот период, по што проектниот тим од „Агропаланчанка“ ќе спроведе и фит-бек средби за резултатите од досегашните активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e