93-годишна жена од Стар Дојран со автомобил излетала од магистралниот пат Ресен-Охрид

Вчера во 20:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за с.Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот.

Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e