85-годишник со „ауди“ прегази пешак

Во тетовско Слатино вчера полицијата го приведе 85-годишниот Н.С. Тој претходно со патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово удрил во пешакот 62 годишнит Р.И. од Тетово и веднаш го напуштил местото.
Пешакот се здобил со телесни повреди кои му биле констатирани во Клиничка болница Тетово. Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e