Во пожар кој се случил утрово во 7 часот во тетовското село Жилче, загина 80-годишна жена која не успеала да се спаси од пламените јазици.
-Во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавен е пожар кон настанал во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче, во кој престојувала и била пронајдена почината 80-годишната Р.Ѓ. од ова село. Пожарот го пријавил нејзиниот 44-годишен син, по што е целосно изгаснат од тетовската Територијална противпожарна единица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во гасењето на пожарот учествувале три возила со седум пожарникари, истакна командантот на тетовската пожарна Ука Алити.