СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Д.(73) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
На 23.12.2020, полициски службеници ја затекнале пријавената на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје” и покрај тоа што имала решение од ДСЗИ за изолација во домашни услови.
Од МВР информираат за уште две кривични пријави за штипјанки кои се осомничени за истото кривично дело.
Ф.С.(56) на 12.01.2021 постапила спротивно на издадено решение од ДСЗИ со одредена мерка на изолација во домашни услови и го напуштила домот. На 26.12.2020 полициски службеници извршиле контрола и не ја затекнале во домот К.Д.А.(22), со што постапила спротивно на решение од ДСЗИ, со одредена мерка на изолација во домашни услови.