65-годишен кумановец со остар предмет го повредил сопствениот син

Полицијата привела шеесет и петгодишен кумановец кој со остар предмет му нанел повреда на својот син, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И. С. (65) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 15:30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, со остар предмет му нанел повреда на својот син Н. С. (47), информираше полицијата.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e