На 02.03.2023 во 01.15 часот на граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода У.С.(48) од Република Турција, затоа што на увид приложил фалсификуван зелен картон за осигурување за товарното возило „мерцедес“ со полуприколка, со турски национални ознаки, кое го управувал.
За случајот бил известен Јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
