46 казни за брзо возење во Крива Паланка

Четириесет и шест возачи биле казнети денеска во Крива Паланка поради брзо возење, информираат од кумановската полиција.

– Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Крива Паланка санкционираа 46 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, стои во соопштението од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од сообраќај се исклучени и 7 возила поради други прекршоци.

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, порачуваат надлежните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e