Вчера во 15.55 часот од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Австрија, при контрола на товарен воз кој на Железничката станица Гевгелија пристигнал од Република Грција во 15,25 часот, откриени биле 42 илегални мигранти од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир.
Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.