Вчера, во 15.40 часот, на улицата ЈНА во Гостивар, патничко моторно возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Љ. С. од гостиварско Дебреше, удрило во 73-годишниот пешак Н. С. од Гостивар.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
