Исплатена е еднократната парична помош на семејства со прваче за прв пат запишано во учебната 2022/2023 година со постојано живеалиште во општина Крива Паланка, информираше градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Вкупно 126 семејства кои го исполнуваа правото за ваква помош добија по 3.000 денари на иницијатива на градоначалникот Митовски,а со подршка и одлука на Советот на Општина Крива Паланка, обезбедени од општинскиот буџет.
-Првачиња да сте ми живи и здрави, вие сте мојата и гордоста на Крива Паланка, порача првиот човек на општината.