„30 години творештво“ – Самостојна изложба на Роберт Цветковски

Љубителите на уметноста на реномираниот уметник од Крива Паланка Роберт Цветковски ќе имаат можност ја следат неговата работа и да навлезат во суштината на неговите дела преку претстојната изложба насловена како „30 години творештво“.
Самостојната изложба ќе биде отворена на 20-ти август во кривопаланечкиот Центар за култура со почеток во 20ч, додека нешто подоцна истата вечер ќе биде отворена изложбата и во Градскито музеј на Крива Паланка.

Цветковски е афиримран ликовен уметник кој потекнува, живее и твори во Крива Паланка, а своите дела низ 3-децениската уметничка кариера ги изложувал во престижни галерии во Европа и САД. Тој е и професор по ликовна уметност во СОУ „Ѓорче Петров“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e