(29 Фотографии) Десетто јубилејно Рели „Калин Камен 2018“

Јубилејна, десетта година по ред, во Крива Паланка се организира спортско-рекреативната манифестација Рели „Калин Камен 2018“ која се одржуваа под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските Планини“.

Организатори на релито се Општина Крива Паланка и Здружението на граѓани Авто мото клуб „Офф Роад Осогово“, а настанот е со ревијален карактер.

– Релито е предизвик, авантура, инспирација, неповторливо уживање во сите ретки убавини на Осоговието. И годинава одѕивот е голем, а досега, за деветте години учествувале над 5.000 учесници, изјави Аце Ристовски, од „Офф Роад Осогово”.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, рече дека оваа година има над петстотини учесници покрај претставници на државни и локални институции, има гости и од речиси сите градови од државата, како и гости од Бугарија и Србија.

– Задоволство е да се видат толкав голем број посетители во градот, а манифестацијата е бренд кој одбележува една деценија постоење – промовирање на Крива Паланка. Благодарност и до генералните спонзори,  кои ја поддржаа манифестацијата годинава, изјави Мицевски.

Должината на патеката е 74 километри, 80 отсто од патеката е неасфалтиран пат, висинската разлика е 1.500 метри со највисока точка Царев Врв на 2.085метри надморска височина.

Патеката започнува на плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, завршува во манастирот Св.Јоаким Осоговски, а на Царев Врв се придруживаат учесници и од Кочани и Македонска Каменица.

Рели „Калин Камен“ има за цел да ги промовира културно-историското и природното наследство на регионот.

– Девет години по ред сум организатор на релито и учествувам секоја година, но годинава од оправдани причини сум спречен да присуствувам на јубилејното „Рели Калин Камен 2018“. Во нашето здружение „Офф Роад Осогово“ како организатор на оваа манифестација сме горди што имаме низа успешни изданија и што ова рели стана своевиден бренд на градот. Секоја година имаме од 100 – 120 теренски возила, односно џипови и околу 60 мотори. Посебно задоволство е масовноста на релито. Имено, секоја година присуствуваат од 400 – 500 луѓе од сите генерации, од градот, соседните градови, но и од други држави, рече Спасе Алексовки претседател на кривопаланечкиот авто-мото клуб „Офф Роад Осогово“.

33740366_1023086404508036_5798467155410288640_o

33663710_1023085534508123_2025831435234967552_o

33686735_1023086051174738_5659987728930963456_o

33516567_1023086147841395_578377226840440832_o

33526221_1023085944508082_2791087160185323520_o

33527180_1023086241174719_6580846343739146240_o

33524964_1023088524507824_7413217263471296512_o

33535095_1023085841174759_3186561164616138752_o

33553550_1023088754507801_1907925314420342784_o

33566834_1023087324507944_1964044903298105344_o

33574484_1023087561174587_5349462787431071744_o

33575142_1023085797841430_657045149209067520_o

33593297_1023085704508106_4528813473399832576_o

33599960_1023088654507811_3069773595019313152_o

33657808_1023087354507941_5354504026769588224_o

33674751_1023085897841420_8435081667856564224_o

33677562_1023086021174741_2709621324321390592_o

33720449_1023085974508079_263917713045323776_o

33747428_1023087437841266_6194338001934352384_o

33657194_1023086527841357_2536450729732734976_o

33611683_1023087117841298_4444622699829919744_o

33601918_1023086711174672_7031636090968604672_o

33599913_1023086571174686_244850888634531840_o

33584429_1023086454508031_1214548925185261568_o

33553751_1023086747841335_133180450448343040_o

33540379_1023086991174644_4469571198484742144_o

33462605_1023087157841294_6155262385180377088_o

33591850_1023086967841313_7354427682404171776_o

33663464_1023086944507982_5395433806675050496_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e