Роднини на починатите момчиња вчеравечер се собраа на местото каде се случи страшната сообраќајна несреќа на ул. Првомајска кај Пинтија во која животот го загубија две млади момчиња.
На местото каде се случи несреќата излезе јавен обвинител за да изврши увид, за потоа да се утврди причината за несреќата. На терен реагираа и возила на Брзата помош, откако неколку роднини на загинатите изгубиле свест.
Во сообраќајката учествувале две возила марка Пежо и Голф 5.
Eден од загинатите е 20 годишно момче со иницијали С.Ш. од скопското село Батинци.
Фото: Макфакс