Против 20-годишна девојка од селото Гургурница поднесена е кривична пријава за злоупотреба на лични податоци.
Полицијата јави дека во текот на јуни во 2016 година, пријавената, на социјалната мрежа „Instagram“ и апликацијата „Snapchat“, креирала лажни профили со лични податоци на име В.К.(31) од Тетово и на нив објавувала фотографии од В.К. со компромитирачка содржина.