18- годишен возач прегази скопјанец на тротинет кој во несреќата се здобил со тешки повреди.
Од МВР известуваат дека околу 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(18) од Скопје, удрило во тротинет, управуван од К.Т.(36) од Скопје.
Во несреќата лицето К.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
