17 – годишната девојка која падна во Вардар извлечено мртва, следи обдукција

Последната вест која пристигна од Гостивар е дека девојчето кое вечерва падна во водите на реката Вардар е пронајдено мртво.

Нејзиното тело го пронашле мештани, а го извлекла полицијата. Лекарите само констатирале смрт, а полицијата врши увид.
Како што пренесоа медиумите девојчето кое се претпоставува дека е на 17 годишна возраст , бегајќи од кучиња скитници паднало во реката.

Сведоци на трагедијата биле минувачи кои повикале помош. Но, и покрај интензивната потрага девојчето не е спасено.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар издаде Наредба за обдукција на телото на 17-годишна девојка.
Според првичните информации, девојчето враќајќи се од училиште, поминувало низ градскиот парк во Гостивар, каде била нападната од куче. Бегајќи од кучето, таа паднала во надојдените води на реката. Случајни минувачи се обиделе да и помогнат, но не успеале.
„Безживотното тело беше пронајдено доцна синоќа околу шест километри низводно по течението на Вардар, во близина на селото Балин Дол. Идентификацијата на телото ја извршија членови на семејството на сега починатата. Јавниот обвинител изврши увид и на местото на кое девојката паднала во реката и на местото каде што беше пронајдено нејзиното тело. Беше земен исказ од сведоци со цел да се утврдат точните факти за настанот“, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e