На 07.09.2022 околу 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Гази Баба, 16-годишник од село Буковиќ, скопско кој бил забележан од вработените и обезбедувањето на трговскиот центар дека извршил кривично дело „кражба”.
При обид за бегство, како што е пријавено, скокнал од височина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.