На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, завчера во 01.35 часот петнаесетгодишник од Крива Паланка управувајќи мотоцикл „Зон Шен“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа-Крива Паланка.