14-годишно момче загина на македонските патишта

Во сообраќајна несреќа во село Новоселани загина 14-годишен мотоциклист.

Според информациите од МВР, сообраќајната несреќа се случила меѓу патничко возило „опел астра“, управувано од В.Р.(18) с.Заполжани, кој го напуштил местото, но набрзо бил пронајден и приведен, и мотоцикл „шинерај“, управуван 14-годишник од истото село, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

ПРЕТХОДНО
Мбапе годинава ќе биде најплатен фудбалер во светот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e