Реконструкција на Полициската станица во Валандово

Во тек е реконструкција на полициската станица во Валандово од страна на Министерството за внатрешни работи. После неколку децении, овој објект се обновува и општината добива реновирана полициска зграда за припадниците на валандовската полиција. Реконструкцијата опфаќа замена на електричната и комуналната инсталација на објектот, реновирање на внатрешните простории, нова фасада и заменување на столаријата.
пс валандово
Реконструкцијата на ПС Валандово беше најавена при посетата на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на локалната самоуправа во Валандово и ПС Валандово, каде беше нотирана и неопходноста од инвестирање во современ и функционален објект за полициските службеници во Валандово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e