Традиционално, по 11-ти пат, Крива Паланка ќе биде место кое овие есенски денови ќе ги потполни со вистинска театарска магија и каде ќе се соберат страстните вљубеници во театарската уметност.
Од 1-ви до 8-ми октомври во Националната установа Центар за култура Крива Паланка ќе се одржи XI-тиот Меѓународен театарски фестивал кој го носи името на големиот светец и закрилник на градот „Св. Јоаким Осоговски“.
Лауреат на годинешното фестивалско издание е реномираниот македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер и сценарист, како и писател и раскажувач Коле Ангеловски.
Публиката ќе има можност да ужива во осум извонредни театарски остварувања на актерските екипи од земјава и регионот.
Фестивалот ќе го отворат актерите од Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Хрватска со претставата „Љубаф“, на втората фестивалска вечер ќе настапи Народниот театар од Лесковац, следни се гостите од „Невена Коканова-Дуња“ од соседна Бугарија.
Трети настапуваат Драмски театар од Скопје со претставата „Како да се ограби банка“.
На 5-ти октомври настапува актерската екипа од Драмски куклен театар Враца од Бугарија, а на 6-ти Народниот театар „Константин Хаџиконстантинов Џинот“ – од Велес .
Предпоследни на фестивалската програма се Студито „Призор“ од Белград, а фестивалот ќе го завршат актерите Народниот театар „Стерја“ од Вршац.
Претставите со со почеток од 20ч.
Театарскиот фестивал го организира локалната самоуправа на Крива Паланка со поддршка до Министерството за култура.