Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со министерот за економија Крешник, директорот на ЈП државни патишта Китанов и градоначалничката на Тетово Теута денеск
а извршија увид во реконструкција на патниот правец од Тетово до Попова Шапка.
Ова е многу значаен пат преку кој го унапредуваме туризмот и ќе дадеме дополнитреен стимул во развојот на Попова Шапка како и за тетовскиот регион. – порача Сугарески.
На овој патен правец се поставува нов асфалт во должина од 18 километри и 200 метри.
Врз делница Тетово-Попова Шапка се прави „жолт фидинг“ што подразбира санирање на дупки па поставување асфалт над целиот коловоз.
-Овој е еден од основните патишта кои минатата година веднаш го ставивме за проектирање и рехабилитација бидејќи сакаме да развиваме туризам, сакаме да ги развиваме нашите туристички места. Тетово-Попова Шапка е еден од дванаесетте патишта ставен преку проект на Светска банка преку „жолт фидинг“ да се гради и рехабилитира. Иако начелно компанијата треба да го направи до нова година, јас гарантирам дека до септември ќе биде готово, изјави Китанов.
Градоначалничката Арифи потенцира дека е значајно што се соработува со Владата за вакви поголеми зафати.
-Ове значаен пат како за општината, така и за цела околина, имајќи го во предвид туристичкиот аспект и големиот број места кои се поврзуваат. Тоа е инфраструктурна придобивка согласно концептот на децентрализација и партнертство на општини и Владата. Со средства на ИПА и на Светската банка од 1,5 милион евра ние и во викенд населбата ќе инвестираме во патната инфраструктра. Имаме информации дека првата фаза е прифатетна. Ќе се постават пропратно фекална и атмосферска канализација, рече Арифи.