-Поделени се околу 1000 картички на земјоделците од Пелагонија за користење на зелена нафта. Со оваа мерка земјоделците ќе набават нафта за 30 проценти поевтина, која во овој момент е повеќе од потребна за прибирање на плодовите , но и за обработка на земјиштето, па задоволството кај земјоделците е големо бидејќи се намалува цената на самото производство, а со тоа и земјоделскте производи ќе бидат поконкуретни и на крајот се враќаат пари директно кај земјоделците што досега се нема случено, рече на денешната прес конференција Менде Трајковски портпарол на Општинската организација на СДСМ од Новаци.