10-годишно девојче се удави во Мала река во општина Чашка

Десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица која вчера утрото исчезна и се бараше во надојдените води на Мала река, утрово е пронајдена под селото, извести градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на својот Фејсбук профил. Потрагата траела во текот на целиот вчерашен ден и утрово.

„Голема загуба за граѓаните на општина Чашка,училиштето Тодор Јанев во нас.Чашка ,семејството Беќирови и сите нас. Сочуство до семејството“, напиша Стојановски на Фејсбук.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e