21-годишник со „мерцедес“ вчера доцна попладне прегазил малолетник, соопшти полицијата. Смрт на малолетникот била констатирана во УЦ-Скопје.
„Во 16.47 ч. на бул.„Никола Карев“ во Скопје патничко возило „Мерцедес“ удрило во малолетник, по што возилото го напуштило местото на настанот. Малолетникот е пренесен во УЦ-Скопје, каде била констатирана смрт.
По кратко време, полициски службеници го пронашле возилото и возачот З.Ш. (21), кој е приведен“, изјавија од МВР.
