​ Утрово Крива Паланка со снежна покривка, ЈП Комуналец на терен

Екипите од Службата од јавното претпријатие Комуналец од градот, од каде годинава се задолжени за зимско одржување на подрачјето на Општина Крива Паланка, веќе се на терен и работат на расчистување на снегот.

-Нашите возила и вработените се на терен уште од синоќа, откако започнаа снежните врнежи. Се работеше и на расчистување на коловозите во градот и на посипување на истите со сол и ризла, со оглед на најавените минусни температури. Од рано утрово вработените работат и на расчистување на снегот од тротоарите, расчистување на пристапите до училиштата, јавните институции на главната улица, предучилишната установа, детска градинка “Детелинка”, како и кај здравствениот дом и останатите итни служби, изјави Миле Марковски, директор на ЈП Комуналец, Крива Паланка.

Посочи дека веќе се работи и на расчистување на патниот правец кон селата Дурачка Река и Станци, ќе се работи и на расчистување на локалниот патен правец кон селата Огут и Нерав, како и кон сите градски и приградски населби.

-Претпријатието располага со три специјализирани возила за зимско одржување,а за потребите за реализација на оваа дејност, набавени се засега доволно количини на сол и абразивен материјал, додаде Марковски.

Висината на снежната покривка на местата со надморска височина од над 1000 метри на територијата на општината изнесува и над 30 сантиметри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e