Крвопролевање во вилата на славната убавица: После нападот со нож, напаѓачот бил застрелан во глава

Неповикан гостин наводно скокнал преку оградата и влегол во дворот на луксузната вила на Миранда Кер и со нож го нападнал чуварот кој потоа го застрелал.

Овој викенд вистинска драма се одвивала во дворот на луксузната вила на „ангелот“ на Victoria’s Secret – Миранда Кер, откако напаѓач со нож го нападнал чуварот.

Во инцидентот, напаѓачот кој наводно бил бездомник, со нож го повредил чуварот во окото и му нанел неколку посекотини по телото, по што бил застрелан во глава. Како што пренесува магазинот “TMZ”, Миранда Кер и нејзиниот петгодишен син Флин не биле во куќата додека се одвивала драмата.


На крвопролевањето сведочеле и соседите и работниците во околните куќи кои што веднаш истрчале да му пружат помош на чуварот.

„Мажот и откако беше застрелан, продолжуваше со ножот во рака да го напаѓа чуварот, се додека еден од соседите не успеа да му го одземе ножот“, изјави еден од соседите на Миранда Кер за телевизијата “CBS2”. После физичката пресметка и напаѓачот и чуварот биле одведени во болница. Чуварот бил надвор од животна опасност, додека напаѓачот бил во критична состојба.

 

 

 

 

 

 

 

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e