Џенифер Анистон се разведува од Џастин Теру

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон (49) и нејзиниот сопруг Џастин Теру (46) открија вчера дека се разведуваат по помалку од три години брак, односно по седум години врска. Џенифер и Џастин се венчаа во август 2015 година.

Во заедничкото соопштение не е дадена причината за разводот, а познатиот пар нагласил дека повеќе сакаат тоа да остане нивна приватна работа, но дека се одлучиле за јавна објава за да ги редуцираат медиумските шпекулации.

„Одлучивме да го најавиме својот развод“, објави парот во заедничкото соопштение.

dzenifer-aniston-razvod

„Оваа одлука е заемна и е донесене на крајот на минатата година. Ние сме најдобри пријатели кои одлучија да се разведат како пар, но кои се радуваат на продолжението на нашето драгоцено пријателство. Тоа сакавме да го направиме приватно, но бидејќи индустријата на озборувања не ја пропушта можноста да шпекулира и измислува, сакавме официјално да ја испорачаме вистината“, се наведува во продолжението на соопштението на Џенифер и Џастин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e