Бијонсе е највлијателната позната личност во шоубизнисот

Бијонсе беше одредена за највлијателната славна личност од шоубизнисот во листата на изданието “Венити Фер”.

Во листата на влијателни личности “New Establishment” влегуваат, освен холивудски ѕвезди, и имиња од Волстрит и Силиконската долина.

Бијонсе е пејачката со највисока позиција во списокот, заземајќи го престижното 10-то место. Токму по неа е новиот извршен директор на “Епл” Тим Кук на 11-то место. Според “Венити Фер” пејачката го заслужила признанието најмногу поради новиот албум “Lemonade”, кој беше претставен во април оваа година, заедно со краткиот филм кон него, емитуван на НВО.

Во листата се наведува дека “сите под 30 години зборуваа за него недели потоа”. Бијонсе е една од двете жени кои влегуваат во првите десет на “New Establishment”. На прво место е извршниот директор на “Амазон”, Џеф Безос, следен од креаторот на Фејсбук Марк Цукерберг и коосновачот на Снапчат Еван Шпигел. Меѓу другите познати имиња во списокот е и Тејлор Свифт на 18-то место, комичната актерка Ејми Шумер на 35-то и Адел на 47-то место.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e