Владата мора да преземе одговорност за обезбедување на подобра иднина на земјата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера (29.01.2018) заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот Извршниот комитет Владимир Ѓорчев остварија средба со Жозев Дол, претседател на Европската народна партија (ЕПП).

На средбата се разговараше за актуелните општествено политички состојби и стратешки приоритети на Република Македонија за членство во Европска Унија и НАТО, како и за продолжување на соработката со европските народни партии.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека е потребен политички дијалог со сите политички чинители за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата,.

Исто така од страна на претседателот Мицкоски беше истакнато дека актуелната власт спроведува политички прогон врз граѓаните, како и врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Според Мицкоски ваквиот чин ја уназадува државата и го отежнува демократскиот процес.

Претседателот Мицкоски изрази голема загриженост за економската клима и правецот во кои се движи Република Македонија, како и за уназадувањето на реформските процеси во државата во сите сфери. Тој истакна дека државата уназадува, а стандардот на граѓаните слабее. Владата мора да преземе одговорност за обезбедување на подобра иднина на земјата.

Пред Претседателот на Европската народна партија, Жозев Дол беа презентирани новите партиски структури, новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ како и идните чекори на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Соговорниците истакна  дека и во иднина ќе продолжи добрата соработката и комуникацијата на ВМРО-ДПМНЕ со народните партии во Европа.

Европската народна партија е најголемата политичка структура во Европа која ги обединува сите десничарски партии. Во ЕПП членуваат над 70 политички партии од над 40 земји. Од редовите на ЕПП се Претседателот на Европската комисија и Европскиот совет, како и 16 претседатели на влади, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e